Историски рекордна продажба на Volvo во 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo реализира рекорден број на продадени возила во 2018 година и за првпат од своето основање во 1927 година компанијата продаде 642.253 автомобили во светот, што е раст од 12,4 % во споредба со истиот период минатата година. Во 2017 година, произведувачот на автомобили имаше 571.577 испорачани возила.

Најпродаван модел на компанијата во светот минатата година е Volvo XC60 со продажба од 189.459 возила (во 2017 биле продадени 184.966), следува XC90 со 94.182 автомобили глобално (2017 – 87.518 возилото).

Само во месец декември Volvo има продадено 60.157 возила, или за 2,8% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Во периодот од јануари до декември 2018 година, продажбата во САД бележи раст од 20,6% или 98.263 автомобили во споредба со истиот период пред една година. Оваа се должи на зголемената побарувачка за SUV модели, предводена од новиот XC60.

Продажбата во Кина се зголеми за 14,1% до 130.593 возила во 2018 година, во споредба со истиот период претходната година. Побарувачката во овој регион е водена од моделите XC60 и S90.

И во Европа исто така има силна продажба во текот на годината. Продажбата се зголеми за 6,4% до 317.838 возилото за 12-месечниот период, во споредба со 2017 година Успехот во Европа е предводен од новите модели V60 и XC40.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK