Infiniti се повлекува од Западна Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Infiniti Motor ги објави плановите за реконструкција на бизнисот и фокусирањето кон најголемите пазари, а тука се смета на Северна Америка и Кина.

Паралелно со тоа од брендот најавуваат дека од почетокот на 2020 година, Infiniti ќе се повлече од пазарот на Западна Европа, но операциите на компанијата во Источна Европа, Блискиот исток и Азија ќе останат без промена.

Од Infiniti исто така објавуваат дека брендот ќе го електрифицира своето портфолио од 2021 година, а ќе престане да снабдува со дизел автомобили и ќе се фокусира на понудата со СУВ возила во Северна Америка.

Во текот на следните пет години, компанијата ќе понуди пет автомобили на пазарот во Кина, а исто така ќе се потпре и на соработката со Nissan Motor. Друга новост, која ја споделуваат од Infiniti е поврзана со моделите Q30 и QX30 и прекинувањето на нивото производство кон средината на оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK