И Tesla отпушта работници

ОБЈАВЕНО НА:

На коронавирусот не се имуни ниту работниците кои работат во Tesla. Имено бранот на отпуштања од страна на американските работодавачи ја опфати и нив. Како што пренесува CNBC, компанијата отпуштила значаен број на вработени.

Три работници, сега поранешни, ја потврдија оваа вест за повеќето американски медиуми. Неофицијално се дознава дека станува збор за посебна група на работници кои сега се отпуштени, но по надминување на кризата повторно ќе бидат вратени на работа.

Од Tesla не излегоа со официјална реакција бидејќи тие и не се вработени во американскиот производител. Станува збор за работници вработени од Balance Staffing кои работеле во фабриката на Tesla.

Од оваа агенција посредник наведуваат дека вработените ќе останат дел од Balance Staffing, но дека враќањето на работа во Tesla не е сигурно, но дека може да работат во други компании партнери на Balance Staffing.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK