И Porsche ги прекинува производството

ОБЈАВЕНО НА:

По BMW, Volkswagen, Mercedes и Porsche донесе одлука да го прекине производството во своите фабрики во Германија.

Првиот човек на овој германски производител Оливер Блум изјави дека во наредните две недели нема да работат фабриките во Цуфенхаузен и Лајпцих.

Блум истакна дека очекува помош од државата особено поради фактот што во изминатите пет години компаниајта платила преку пет милијарди евра данок на доход.

“Во кризата мораме да ги искористиме сите расположливи средства како би биле поотпорни” изјави Луц Мешке, извршниот директор на Porsche. Тој нагласи дека во зависност од ситуацијата, прекинот на производството може да потрае и подолго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK