И Lexus ќе вози на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно, електрифицираните автомобили ги заменуваат оние на традиционалните горива, дизел и бензин. Последниот во низа производител кој во целост ќе се ориентира кон електрифицираните автомобили е јапонскиот премиум бренд, Lexus. Претседателот на компанијата Јоширо Сава смета дека електрификацијата ќе помогне брендот да остане рамноправен ривал на BMW, Mercedes и Audi.

Сепак Сава наведува дека компанијата нема во целост да се насочи кон електрифицираните автомобили, туку дека одредени модели ќе добијат електрифицирана изведба. “Во овој момент луѓето говорат дека електричните автомобили се модерни, но за три години кој знае? Луѓето повеќе го сакаат звукот на моторот со внатрешно согорување. Мислам дека не можеме да имаме само една изведба кога е во прашање создавањето на емоција” изави првиот човек на оваа компанија која е составна дивизија на Toyota.

Според пишувањата, во наредниот период Lexus ќе го претстави првиот целосно електричен автомобил, а тоа ќе биде најмалиот SUV кој ќе се појави во гамата на Lexus.

По ова Lexus во наредните четири години планира сите актуелни модели да добијата и електрифицирана изведба, а со овие модели јапонскиот производител се надева дека ќе успее да добие поголем дел од пазарниот сегмент на премиум електрифицрани автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK