И Lаdа Nivа доби дигитална табла

ОБЈАВЕНО НА:

Порталот Lаdа.Оnlinе ги објави првите фотографии на Lаdа Nivа cо дигитална табла развиена од страна на компанијата од Тољати, Тune Auto. Засега тоа е само прототип, а комерцијалната верзија ќе се појави во текот на пролетта во 2021 година. Се очекува цената за оваа опција да биде околу 30.000 рубљи, а тоа е приближно на 330 евра.

Дигиталниот инструментален кластер е веќе готов и во моментов Tune Auto создава визир за него. Засега тој постои само во форма на модел отпечатен на 3D печатач, но наскоро ќе биде развиена сериска верзија. Инсталирањето и поврзувањето со кластерот не бара специјални модификации, а комплетот вклучува прекинувач кој ви овоможува да изберете еден од неколкуте дизајни.

На рабовите од кластерот има аналогни ламби за итни случаи на главните системи на автомоблот кои работат независно од екранот. Тие се предвидени во случај, дигиталниот екран одеднаш да запре да работи. Самиот дисплеј е сертифициран и заштитен, но при температура од -20 степени тој „малку забавува“ со работата, предупредуваат равивачите.

Минатата есен руската компанија СMGАISD пушти целосно дигитална табла за управување на Lаdа Vеstа. Инсталирањето му одзема 20 минути, а во однос на функционалноста кластерот по ништо не отстапува од фабричката аналогна верзија. Опциската цена е 35.000 рубљи (385 евра).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK