И кичевчани „настрадаа“ од полицијата – казнети 70 возачи за 1 час контролирање

ОБЈАВЕНО НА:

Засилените контроли низ Македонија на полицијата на учесниците во сообраќајот продолжија во Кичево каде за 1 час се санкционирани 70 учесници. Најчестите казни се за возење нерегистрирани возила, без возачка дозвола, за брзо возење. Иако Кичево е мал град, според бројот на жители и бројот на казни за 1 лас е на врвот од листата во Македонија.

Утре би требало да бидат познати резултатите од еднодневната контрола во Кичево, а првите бројки се „оптимистички“. Сигурно ќе Кичево ќе биде меѓу оние градови каде најмалку се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, изјави Тони Ангеловски портпаролот на МВР.

Во Битола „фатени“ 40 лица што возеле без возачка, а „само“ 34 за брзо возење

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK