И Jaguar Land Rover бара пари од државата

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија е значително погодена од коронавирусот. Падот на продажбата во одредени региони и до 95% го направи своето, па производителите веќе трпат загуби.

Поради ова, а со цел да не отпуштат работници и затворат фабрики, мнгу производители меѓу кои Renault, FCA, Seat, Ford побараа помош од државите во кои дејствуваат.

Jaguar Land Rover (JLR) е последен во низата производители кои побараа помош. Како што преесува SkyNews, владата на Велика Британија го одобри барањето за привремено финансирање од 1,22 милијарди долари, а оваа вест ја демантираа од JLR.

Медиумт наведува дека ново барање за кредит е веќе поднесено од JLR до Министерствот за претприемништво, енергетика и индустриска стратегија.

Извори од компанијата наведуваат дека овие пари се потребно да се добијат пред почетокот на производството во фабриката во Халевуд кое треба да стартува на 8 јуни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK