И банкротиран, SsangYong добива награди

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на минатата година SsangYong кој е во мнозинска сопственост на Mahindra до надлежните институции во Јужна Кореја поднесе барање за прогласување банкрот.

Сепак тоа не е пречка за SsangYong Rexton да се здобие со престижно признание. Станува збор за признанието “4X4” кое како спонзор го доделува BFGoodrich.

Овој модел четири години по ред го добива ова признанiе за SUV возило кое најмногу се исплати. Кевин Грифин, првиот човек на SsangYong Motor UK, за британските медиуми по повод оваа награда изјави дека ова е големо достигнување, особено поради фактот што го добива четврти пат по ред што е огромна чест.

Инаку овој модел во понудата на јужнокорејскиот производител се појави во 2001 година, а актуелната генерација датира од 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK