Hyundai со прво патување со автономен камион

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor Company се пофали дека компанијата го оствари првото автономно патување со камион во Јужна Кореја.

“Оваа успешна демонстрација докажува дека иновативните технологии за автономно управување можат да бидат искористени за трансформирање на трговската логистичка индустрија” изјавиј Мајк Зигле, директорот на секторот за развој на Hyundai Motor Company. Тој додаде дека компанијата наскоро ќе го достигне и четвртото ниво на автономија.

Автономното патување на камионот Xcient на Hyundai траеше 40-тина километри, а во него биле вградени напредни технолошки системи за автономно управување од нивото 3. Тука се мисли на радарски сензори, камери, ласерски модули Lidar и друга опрема неопходна за автономно возење кое овозможува запирање, забрзување/намалување на брзината, позиционирање на камионот при движење во сообраќајот и слично.

Hyundai Motors интензивно вложува и развива автономни системи, а веќе претходно со моделите Ioniq, Nexo и Genesis G80 го достигнаа нивото 4.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK