Hyundai NEXO вози без проблем и на -35 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Hyundai открија нови детали околу програмата за тестирање во екстремни зимски услови. Истата веќе ја минуваат двата нови електромобили, а се работи за водородниот NEXO и целосно електричното возило KONA Electric.

Испитувањата коишто ги врши Hyundai Motor Company во Шведска на екстремно ниски температури од -35 степен се добри за да може да се провери работата а системите, а особено на тие коишто користат водород како електрична енергија NEXO FCEV (Fuel Cell Electric Vehicle).

Од компанијата велат дека за разлика од претходната генерација на водородни автомобили, кај кои се појавиле проблеми на температура од -10 до -20 степени, кај NEXО слично нешто нема да се случи благодарение на специјалната дополнителна опрема за загревање на блокот за гориво. Тоа воедно влијае и на системот за стартување да работи без проблеми и на температура од -30 степени.

Уникатното возило за автомобилската индустрија Hyundai KONA Electric е опремено со итри и високотехнолошки системи, а основната цел им е минимализирањето на количината на енергија кое е неопходно за затоплување, за вентилацијата и за климатизација на купето (HVAC).

За таа цел електромобилот располага со специјално разработен интелигентен систем за довод на воздух и циркулација на истиот во внатрешноста, како и можност за самостојно загревање на зоната на возачот и пред-стартување и за загревање на системот за вентилација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK