Hyundai Kona е избран за “Aвтомобил на годината” во Шпанија

ОБЈАВЕНО НА:

Како завршува годината земјите од Европа традиционално ги прогласуваат најдобрите автомобили. Последната вест доаѓа од Шпанија каде авто весникот ABC кој е главен информатор го одбра автомобилот на годината на Шпанија.

Со 312 поени за најдобар автомобил беше избран Hyundai Kona кој оваа награда ја доби пред Peugeot 508 и Seat Arona кои освоија 264 односно 182 поени.

Своето задоволство од оваа награда не го криеше првиот човек на Hyundai во Шпанија кој потенцираше дека оваа награда е плод на посветеноста на компанијата за развој на квалитетни автомобили со висока технологија. Ова не е прва награда овој месец за Kona.

NextGreenCar авто магазинот од Велика Британија ја прогласи електричната изведба на овој модел за автомобил на годината како и фамилијарен автомобил на годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK