Hyundai ќе гради специјализирана фабрика за EV

ОБЈАВЕНО НА:

Трката за сегментот на електрични автомобили оддамна е започната, а како значаен играч полека, но сигурно се наметнува Hyundai Motors. За исполнување на своите амбиции на полето на производството на електричните автомобили, Hyundai планира да започне со изградба на специјализирана фабрика за производство на EV во Индонезија.

Според пишувањата на Ројтерс, планирањето на новата фабрика е во напредна фаза, а според достапните информации од инвестициониот план, се планира годишниот капацитет на оваа фабрика да изнесува 250 единици годишно.

Производството од оваа фабрика ќе биде пласирано во земјите од Југоисточна Азија како и Австралија и Нов Зеланд, а причината зошто Hyundai ја одбра оваа земја е богатиот извор на суровини неопходни за производство на литиумско-јонските батерии кои заземаат централно место кај електричните автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK