Hyundai ќе ги спречува смртните случаи со заборавени деца во возила

ОБЈАВЕНО НА:

Последниот период се почести се несреќите со смртни последици кои произлегуваат од прегреаниот автомобил. Попрецизно, се почесто родителите ги забораваат децата или куќните миленичиња, но таа нивна грешка ги чини скапо. На сето ова инжинерите на Hyundai наскоро ќе стават крај.

Јужнокорејскиот производител објави дека наскоро ќе воведе системи за предупредување за патниците на задните седишта. Овој систем може да функционира на два начина.

Според првиот начин со помош на сензори на седиштата, при гасење на моторот на возилото, системот ќе издаде звучен сигнал до возачот во вид на предупредување дека некој се наоѓа на задната клупа.

Според вториот начин, доколку по гаснење на моторот и заклучување на возилото, сензорите детектираат движење на задната клупа тогаш системот ќе испрати известување до мобилниот телефон на сопственикот, а истовремено автомобилот ќе испушта звучен сигнал како предупредување за околината.

За прв пат овие два системи ќе бидат дел од стандардната опрема на моделите Santa Fe и Palisade и тоа веќе од следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK