Hyundai и Genesis ќе претстават 17 нови електрични возила до 2030

ОБЈАВЕНО НА:

Новите пазарни понуди на Hyundai BEV ќе вклучуваат три седан модели, шест теренци, едно комбе и уште еден автомобил, кој сè уште не е познат. Кај Genesis, новите електрични автомобили ќе бидат два автомобили и четири теренци.

Hyundai Motor откри детали за својата развојна стратегија до 2030 година и ја повтори својата посветеност на идејата за електрифицирање на своето портфолио. Hyundai Motor вели дека сака да држи 7% од пазарот на електрични автомобили до 2030 година, велејќи дека сака годишна продажба од 1,87 милиони целосно електрични автомобили (BEV) до 2030 година. Претходните очекувања на компанијата беа за годишно ниво од околу 560.000 единици до 2025 година.

За да ги постигне овие цели, Hyundai Motor ќе лансира 17 нови BEV модели до 2030 година, од кои 11 ќе бидат дел од портфолиото на брендот Hyundai, а остатокот од Genesis.

Новите пазарни понуди на Hyundai BEV ќе вклучуваат три седан модели, шест теренци, едно комбе и уште еден автомобил, кој сè уште не е познат. Оваа година брендот започнува со продажба на IONIQ 6, а следната година на IONIQ 7.

Кај Genesis, новите електрични автомобили ќе бидат два автомобили и четири теренци.

Hyundai Motor најавува дека компанијата размислува за нов производствен комплекс за електрични возила, како и развојна работа за создавање на ќелии на батерии од следната генерација. Во 2025 година ќе биде воведена нова модуларна платформа IMA (Integrated Modular Architecture).

За спроведување на овој план, Hyundai Motor ќе направи инвестиција од речиси 14,5 милијарди евра до 2030 година, како и речиси 9 милијарди евра во развој на софтвер и системи за автономно управување.

Компанијата сака до 2045 година на јагледроно неутрална. За таа цел ќе нуди само електрични возила во Европа од 2035 година и на сите други пазари од 2040 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK