Hyundai и Forze ќе го создаваат најбрзиот автомобил на хидроген

ОБЈАВЕНО НА:

Forze Hydrogen Racing и Hyundai ќе работат заедно следните неколку години во креирањето на супербрзиот автомобил Forze IX кој се базира на хидроген. Истиот ќе поседува два системи на горивни ќелии со максимален аутпут од 800 КС и погон на сите четири тркала.

Производителите наведоа и други технички карактеристики. Така тежината ќе изнесува 1.500 кг, до 100 км/ч. ќе забрзува за три секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 300 км/ч што го прави најбрз автомобил на хидроген.

Развојот ќе се спроведе во техничкиот центар на Hyundai Motor лоциран во Раселхајм, Германија, каде ќе работат и инжинери на Forze Team. Покрај нив, во развојот учество ќе заземат и околу 60 студенти од Технолошкиот универзитет Делфт, од Холандија, кој ќе работат на пола работно време.

Технолшки и дизајнерски, овој автмобил е инспириран од концептот од 2015 година, именуван како Forze VI кој го извозе Нирбургринг за помалку од 11 минути. Новиот IX се очекува да биде претставен кон крајот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK