Hyundai го напаѓа VW Polo – новиот i20 пристигнува следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година јужнокорејскиот производител Hyundai ја претстави редизајнираната верзија од моделот i20, а оваа пролет ја претстави и N, спортската изведба. И покрај тоа за следната година е планирана новата генерација на овој мал градски автомобил.

Познатиот интернет магазин за автомобилизам, Carscoops веќе ги објави првите детали околу овој автомобил. Во оваа нова генерација, Hyundai положува огромни амбиции и во новиот i20 гледа како голем конкурент за Volkswagen Polo, но и Renault Clio кои на европскиот пазар се апсолутни владители.

Оттука, магазинот открива дека новата генерација ќе дојде со значително поагресивен изглед и тоа благодарение на оштрите линии и светла. Предната маска е инспирирана од редизајнот на Elantra, а овој модел доаѓа со дневни, предни и задни LED светла, 16 нчни тркала, и бројни системи за асистенција и безбедност.

Тоа значи дека новата генерација ќе биде технолошки најнапредната досега што воедно треба да ги задоволи големите очекувања.

Во поглед на моторите, под хаубата i20-та ќе биде достапна со 1.2 литарски четири цилиндрен бензински мотор како и 1.0 литарски три цилиндрен мотор. Во понудата доаѓа со шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK