Huawei инвестира милијарда долари во автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Уште порано годинава кинескиот технолошки гигант го најави влезот во автомобилската индустрија. Тогаш најави дека ќе започне и со производство на електрични автомобил под овој бренд.

Последната вест која доаѓа од Кина се однесува на инвестицијата која ја најави Huawei, а според која во наредниот период ќе инвестира дополнителни една милијарда американски долари во истражувања поврзани со електричните возила и во технологијата за автономни возила.

“Ќе инвестираме повеќе од милијарда долари во развојот на автомобилски компоненти оваа година. Во Кина секоја година се произведуваат 30 милиони возила, а оваа бројка постојано расте. Дури и ако не продаваме надовр од Кина, а ако во просек заработиме 10 илјади јуани од секој продаден автомобил, тогаш тоа е навистина добар бизнис за Huawei” изјави Ерик Џу, првиот човек на кинескиот производител познат по производството на паметни телефони.

Huawei не е единствен технолошки гигант кој најави инвестиција во автомобилската индустрија. Претходно и нивниот конкурент Xiaomi најави дека во наредната деценија ќе инвестира околу 10 милијарди долари во оваа индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK