Honda со прва фотографија на новата генерација на Civic Sedan

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот на Honda за Северна Америка ја рашири првата фотографија на 11. генерацијата на Civic Sedan, кој се продава на локалниот пазар.

Од Honda споделуваат дека новата генерација на американскиот Civic Sedan, која беше најавена со помош на концепцискиот развој Civic Prototype во ноември минатата година, ќе биде најпријатна за возење и најтехнолошка во целата речиси 50-годишна историја на моделот на локалниот пазар.

Неколку месеци после лансирањето на пазарот на новиот Civic Sedan, на пазарот ќе се појави и целосно новата генерација на верзијата Hatchback. Првпат во историјата на моделот, хечбекот ќе се произведува од Honda и во САД.

Од Honda ветуваат дополнителни детали за новиот Civic Sedan на 28 април, прецизирајќи дека неговото производство ќе се одржи во Honda of Canada Mfg во Алистон, Канада.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK