Honda сели дел од производството од Европа во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Излезот на Велика Британија од Европската Унија значително ги расипа плановите на производителите кои имаа свои погони во оваа земја.

Така Ford и Nissan затворија по една фабрика, Toyota еден погон, а последната информација од Островот ја потврдува шпекулацијата за преместување на дел од производството на Honda од оваа земја во Јапонија.

Во Европа од следната година, моделот Civic ќе пристигнува директно од Јапонија. Ќе се произведува во фабриката Јори, близу Токио што значи крај за неговото производство во Свиндон.

Ова практично значи напуштње на рвичниот план според кој Honda требаше во целост да ја затвори фабриката во Свиндон и да го префрли производството во Јапонија и Турција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK