Honda прима резервации за својот прв електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Honda и официјално започна да прима резервации за својот прв целосно електричен автомобил, моделот E (познат и како EV). Први кои може да ја искористат оваа можност се купувачите од Велика Британија, Германија, Франција и Норвешка каде тамошните дилери овозможија он-лајн резервација на официјалните национални интернет сајтови на јапонскиот производител.

Така на пример, купувачите од Велика Британија можат да резервираат примерок од овој автомобил за само 800 фунти, пари кои потоа ќе бидат одбиени од продажната цена на овој мал автомобил.

Инаку веднаш по премиерата на саемот во Франкфурт, за овој модел интерес покажале 24 илјади Европјани што ги натера раководните лица од секоторт за продажба да овозможат резервација.

Сепак, за првите испораки купувачите ќе мора да чекаат до раната пролет следната година кога ќе се појави и во слободна продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK