Honda отсега на уште една адреса во Скопје.

ОБЈАВЕНО НА:

Моделите на Honda, и автомобили и моторциклисти отсега се достапни на уште една адреса во Скопје и со уште еден продажно сервисен центар. Компанијата Ауто Трејд е единствениот 3S Дилер за Honda автомобили и моторцикли за Македонија. Тоа подразбира продажба, сервисирање и набавка на оригинални резервни делови.

Искуството што компанијата го има во продажбата и сервисирањето на возила неколку децении продолжува и сега, а денеска беше и свеченоста со која се означи почетокот во новата ера на компанијата. Отсега ќе бидат задолжени за моделите на Honda, од патничката програма, заедно со моторциклите.

Препознатливоста на Ауто Трејд низ годините укажува дека во иднина Honda ќе има нов партнер во Македонија кој има знаење да го подигне брендот на уште повисоко ниво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Салонот се наоѓа на улица📍Скупи бр.37 каде покрај продажниот центар се наоѓ и сервисот.
Ауто Трејд исто така во салонот ќе ја нуди и програмата на Nolan, X-Lite и Apro кои се поврзани со мотоциклите кои се наоѓаат во продажната програма на компанијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK