Honda ќе повлекува 1,4 милиони возила – утврдени се три грешки

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител ќе мора да започне со повлекување на 1,4 милиони возила од САД поради три грешки, објави NHTSA.

Точно 713.233 од спорните примероци се од моделот Accord произведени во периодот од 2018 до 2020 година. Потоа следи Honda Civic со 210 илјади примероци. Меѓу спорните има и од моделот Fit и Acura ILX произведени во периодот од 2013 до 2015 година.

На листата се наоѓа и моделот CR-V. Вкупно 268 илјади примероци од овој модел се спорни, а се произведени во периодот од 2002 до 2006 година. Токму истите овие примероци беа повлечени и во октомври 2012 година, но сега се покажува дека проблемот не е во целост фиксиран.

Повлекувањето ќе започне кон крајот на следниот месец, а покрај тоа што Honda ќе ги покрие сите овие трошоци, ќе мора да плати и одредена сума на американското регулаторно тело.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK