Honda Jet Elite ќе лета 400 километри повеќе од претходникот

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Honda Aircraft ги откри првите детали за новиот авион HondaJet Elite, кој ветува лет подолг за 17 проценти односно 396 километри, како и подобрени перформанси и внатрешна функционалност.

Од Honda Aircraft Company исто така споделуваат дека HondaJet Elite ќе им понуди на идните сопственици сериозно намалување на шумот, нови системи за подобрување на планирањето на летот, автоматска стабилизација, како и зголемнена безбедност во воздух.

HondaJet Elite е во состојба да понуди лет од над 2600 километри, а тоа засега е најдоброто што е покажано во сегментот, додека опремата му е надградена во споредба со HondaJet со нови надворешни можности за боја, уникатен за авиоиндустријата аудиосистем Bongiovi, ново тоалетно одделение, кафе инсталација и друго.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK