Honda е првиот производител што ќе продава автомобили со трето ниво на автономија

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Honda е првиот производител на автомобили кој ќе започне со сериско производство и продажба на атомобили опремени со технологија за трето ниво на автономија. Ова следи откако Honda ги доби сите потребни дозволи за одобрувањето на продажбата на автомобили со такот тип на технологија.

Ова ниво го достигна благодарение на т.н. Traffic Jam Pilot систем кој е вграден кај моделот Legend. Истиот овој систем презема многу од задачите на возачот. Така со овој систем тој самостојно забрзува, сопира, а прави и најразлични маневрирања. Потребното ниво на безбедност на околината е постигнато благодарение на бројните сензори, радари и камери.

Сега Honda е на пол-позицијата да дојде до крајното, шесто ниво кое е всушност 5-то, несметајќи го нулта нивото кое се однесува на конвенционалните автомобили без автоматизација.

Сепак не се планира сериско производство на овој автомобил. Истото ќе биде ограничено на само 100 примероци кои ќе се продаваат во Јапонија. Почетната цена во Јапонија изнесува 11 милиони јени што е еквивалентно на 85 илјади евра. Тоа покажува дека времето за автономни возила сеуште не е дојдено, а дополнителна бариера е и недостатокот на законска регулатива за овие видови автомобили.

Токму овие регулативи го лишија Audi да биде првиот производител откако во 2017 го претстави моделот А8 со трето ниво на опременост. Но недостатокот на регулативи во Европската Унија значеше забрана за движење на овој автомобил на јавните патишта во Германија и останатите земји од ЕУ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK