„Google Мaps“ ги менува навиките – до целта на еколошки начин

ОБЈАВЕНО НА:

Апликацијата Google Maps воведува новости во својата навигација. До бараната цел, нема да се стигнува по најблискиот пат туку по еколошки пат. Корисниците така ќе можат да придонесат на одржливоста и на зачувувањето на природата.

За своите корисници апликацијата за навигација Google Maps, нема автоматски да го понуди најкраткиот пат до зададената точка, туку патот кој троши најмалку ресурси и ја штити природата. Пред понудениот одговор до саканата цел ќе се пресметува факторот за потрошувачката на гориво и типот на загадување.

Корисниците на кои приоритет им е брзината и понатаму ќе бидат во можност да одберат пристап на најблиската маршрута, но само низ дополнителни подесувања.

Поради овие промени „Google“ ќе ја ажурира и дополнително ќе ја подобри навигацијата на јавниот превоз, кој во некои градови во светот ќе биде уште подостапен. Еколошкиот акцент е ставен на електрични автобуси, возови, трамваи и метро, превозни средства со намалена емисија на јаглерод диоксид.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK