Golf симнат од тронот – Clio е новиот владетел со Европа!

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Golf по многу месеци поминати на врвот, повеќе не е најпродаван модел во Европа.

Според официјалните сумирано резултати од продажбата на нови автомобили, во февруари најмногу продадени примероци има забележано Renault Clio.

Со продадени 24.914 нови примероци, Renault Clio го надмина германскиот бестселер Golf кој е продаден во 24.735 примероци. При тоа според JATO Dynamics, вкупната продажба на Renault Clio забележа пад од 4% во февруари годинава споредбено со истиот месец минатата година додека онаа на Golf за дури 21%.

Иако симбоилно, сепак овој резултат се очекува да даде поголем поттик на францускиот производител кој поради цената на новата генерација на Golf и нема да му биде тешко да го задржи Clio на тронот.