Голем пад на производството на автомобили во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Иако Јапонија не воведе строги рестриктивни мерки за борбата против коронавирусот, јапонската автомобилска индустрија забележа голем пад на производството. Официјални податоци за април месец покажуваат дека во оваа земја остварен е пад на производството од 46% во споредба со април минатата година.

Така минатиот месец Toyota, Honda, Nissan, Subaru и останатите јапонски производител на домашен терен произведоле само 412.500 автомобили.

Голем пад е забележан и во поглед на глобалното производство на јапонските производители. Така во април осумте јапонски производители произвеле само 916.200 автомобили што е пад за 60,9%.

Тоа се должи пред се во падот на побарувачката на нови автомобили во останатите земји од светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK