Го подготвува ли Audi новиот модел Q9?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако веќе работи на лансирањето на новиот модел Q8, германските медиуми пренесуваат дека Audi работи на развојот и на нов SUV кој ќе ја носи ознаката Q9.

И Autocar ја потврдува оваа информација при тоа повикувајќи се на интервју на поранешниот шеф на германскиот производител, Руперт Шадлер. Според него, маркетинг специјалистите веќе пред неколку години ги разгледали сите можност за нови модели, а Q9 ја добива улогата на конкурент на Range Rover.

Како што кажува и самиот назив Q9 ќе биде најголемиот SUV во гамата на германскиот производител, па оттука ќе се натпреварува со Range Rover, а според луксузноста ќе биде на исто ниво како и Bentayga.

За сега нема информација кога моделот ќе се појави во концептуална форма, а според шпекулациите тоа би требало да се случи кон крајот на следната или не подоцна од почетокот на 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK