Го однела автомобилот на сервис, а механичарот и го продал

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна вест доаѓа од хрватската престолнина Загреб. Како што пренесуваат хрватските медиуми, сопственичка на автомобил останала без истиот откако механичарот и го продал.

Неименувана сопственичка на Opel Corsa го однела својот автомобил на сервис, а механичарот наместо да го поправи истиот и го продал за 1.460 евра.

Механичарот-продавач при тоа фалсификувал и купопродажен договор на кој тој се потпишал наместо сопственичката. Сопственичката на автомобилот против 39 годишниот механчар поднесе пријава, а по службена должност истото го направи и полицијата која го достави посебниот извештај за обвинителството во Загреб.

Штетата од оваа измама се проценува на 3.400 евра.

Па едноставно, внимавајте каде го носите возилото на сервис. И секако, добијте потврда дека треба нешто да се поправи, а вие сте го оставиле возилото кај нив.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK