GM отпушти 4,250 вработени

ОБЈАВЕНО НА:

Како што се најавуваше од претходно, General Motors согласно планот за реструктуирање и намалување на трошоците отпушти 4.250 вработени.

Како што наведува Detroit News, овие отпуштања доаѓаат по ониe од претходно и сега вкупната бројка на отпуштени работници се искачи на 8.000 во САД, а во глобални рамки бројката на вработени ќе се намали за околу 25%.

“Ние веруваме дека намалувањето на трошоците позитивно ќе се одрази на купувачите и акционери” изјави аналистот на Morgan Stanley, Адам Џонс. Тој додаде и дека овој чекор ќе придонесе за подобар кеш-флоу и воедно ќе го зголеми приходот по акција.

Од друга страна своето незадоволство го искажаа работниците, а претходно американскиот претседател Доналд Трамп се закани на сите американски производители кои објавија дека ќе отпуштат дел од своите вработени.