Глобалните продажби на автомобили во август забележаа пад (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци кои доаѓаат од LMC Automotive покажуваат дека во август глобалните продажби на нови автомобили паднале за 10,3% што е еднакво на 6.406.266 единици, во споредба со резултатот од истиот месец од 2019 година кога е забележана продажба на 7.140.674 возила.

Податоците на LMC Automotive за првите осум месеци од 2020 година покажуваат пад од 22,2’ до ниво од 46.225.817 единици во споредба со истиот период од минатата година од 59.389.523 единици.

На глвните пазари како за август така и за првите осум месеци од 2020 година има по еден пазар кој отчитува пораст на база на резултатот од 2019 година. За изминатиот месец тоа е Кина, кадешто LMC Automotive забележува подобрување од 8,5% односно 2.113.558 нови автомобили, а се однесува за периодот јануари-август во Кореја со +6,7% до 1.208.701 единици.

Во август се забележани сериозни намалувања во бизнисот со нови автомобили. Во САД (-19,1%, до 1.329.461 единици), Западна Европа (-17,4%, до 887.539), Јапонија (-15,6%, до 322.135) и други.

Кон крајот на првите осум месеци за 2020 година во Западна Европа се отчитани намалувања од 32,7% до 7.485.548 нови автомобили. Во САД се работи за 21,5% до 8.982.886, а во Кина 12,3% до 13.925.998 единици (15.878.879 за истиот период во 2019 година).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK