Германските власти наредија повлекување на 60 илјади Audi автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Германските власти наредија повлекување на 60 илјади Audi возила од моделите A6 и A7. Причината е иста како и многуте досега повлекувања, а тоа е откривањето на нелегален софтвер способен за прикажува лажни нивоа на штетни емисии на гасови.

“Нерегуларностите се однесуваат во софтверот за котнрола на дизелските V6 мотори и откриени се во текот на интерната истрага за дизел скандалот” објави пред неколку месеци Audi во официјално соопштение по повод претходното повлекување на модели.

Неколку месеци подоцна Audi повторно е пред нов предизвик, а за сега нема официјално соопштените од германскиот производител по повод најновата наредба на германската Сојузна Агенција за Автомобили (KBA).

Според пишувањата на германските медиуми, голем дел од овие модели се наоѓаат во Германија, а оваа агенција наредила да се повлечат и моделите на останатите пазари од Европската Унија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK