Германски белодробни лекари се против забраните за дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Oгромна група од германски специјализирани лекари по белодробни заболувања изразија сериозни сомневања во врска со актуелните дозволени нивоа на вредности за нивото на фини честички и опасноста за здравјето предизвикана од азотните оксиди. Медицинските професионалци ги критикуваат и тековните, и планираните забрани за постари дизел во поголемите градови. Во посебен документ потпишан од 107 лекари по белодробни заболувања, е изразено сомневање заканата од азотниот оксид (NO2) за здравјето на населението.

Документот се залага за ревизија на тековните гранични вредности. Германскиот весник BILD цитира дел од документот во кое поранешниот претседател на Германското друштво за пневмологија, проф. Дитер Келер изразува позиција дека голем дел од достапните истражувања поврзани со опасностите од штетните гасови на дизел се резултат на сомнителна методологија.

Според информациите од истражувањето на Институтот Хелмхолц заболувањата на градското население била повисока од онаа кај земјоделството поради NO2- емисиите од дизел автомобили. За Келер сепак оваа разлика се должи повеќе на други фактори како консумирањето алкохол, вежбање или пушење.

Спорот на лекарите по белодробни заболувања е од големо значење во однос на тековните дискусии за забрана за возење на стари дизел автомобили. Забрана за движење на дизел по Eврo 4 беше воведен на 1 јануари 2019 во екозона на Штутгарт. Интересно во случајот е дека дури главниот лекар на Клиниката за белодробни заболувања во Црвениот крст во Штутгарт проф. Мартин Хетцел ги поддржува критиките на белодробните лекари:

“Во нашата клиника не сме регистрирале ниту едно белодробна или срцево заболување, кое е предизвикано од фини честички честички или азотни оксиди. Не постои број на жртви поради FPR или азотни оксиди. Сè е сомнителен идеолошки популизам., вели Хетцел.

Критичарите ја повикуваат федералната влада да ја преиспита моментална гранична вредност за азотниот диоксид. Вредноста се заснова на препорака од Светската здравствена организација.
Други земји, како САД на пример, не ги следат овие препорака, бидејќи не веруваат во научната оправданост дека е доволно меродовна. Во речиси сите држави во САД средната вредност од 103 микрограми NO2 на кубен метар е значително повисока во споредба со Германија. Ако истата вредност на NO2 биде земена во Германија, дизел автомобили во поголемите градови ќе бидат тотално прекинати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK