Geely со нова инвестиција од 4,6 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Geely е најистакнатиот кинески производите. Како таков, тој ја предводи и електрификацијата на кинеските производители. Со цел да остане во чекор со водечките брендови во сферата на електрификацијата го објави новиот инвестиционен план.

Станува збор за инвестиција во висина од 30 милијарди јуани што е еквивалентно на 4,6 милијарди американски долари. Овие средства ќе бидат насочени само кон една фабрика, и тоа во Ганџу, на истокот од земјата.

Средствата ќе бидат насочени за инвестиција во технологија за производство на батерии наменети за електричните автомобили. Капацитетот изнесува 42 гигават часови годишно што е доволно за првата фаза од планот за електрификација.

Во развојот и производството покрај Geely, учествува и кинеската компанија Farasis Energy.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK