Фудбалерите на Реал Мадрид ги добија своите автомобили – еве кој што одбра

ОБЈАВЕНО НА:

Audi е спонзор на фудбалскиот клуб Реал Мадрид уште од 2003 година и традиционално, секоја сезона фудбалерите на најтрофејниот фудбалски клуб во светот добиваат автомобили од овој бренд.

Пред тренинг кампот на “Кралскиот клуб” фудбалерите ги добија своите нови автомобили.

Поранешниот француски интернационалец, а сега тренер на екипата, Зинедин Зидан се одлучи за Audi RS3 Sportback. Истиот овој автомобил беше одбран и од Карим Бензема и Тибо Куртоа.

Дури 11 фудбалери го одбраа моделот Q7 50 TDI quattro tiptronic. Ваков автомобил ќе возат Брахим Диаз, Лука Јовиќ, Алфонсо Ареола, Маријано Диаз, Лука Модриќ, Едер Милитао, Бодриго Гоес, Карлос Касемиро, Ферланд Менди, Герет Бејл и Иско. Дани Карвахал, Лукас Васкез, Тони Крос, Хамес Родригез, Еден Хазард, Валверде и Начо Фернандез го одбраа поголемиот Q8.

Преостанатите фудбалери, Винисиус, Алваро Одриозола, Марко Асенсио и Марсело Виеира ќе возат A7 Sportback 50 TDI.

Единствен фудбалер кој одбра електричен автомобил е Рафаел Варан кој го одбра моделот e-tron 55 quattro.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK