Французите патриоти при купување возила – доминација на Renault и Peugeot

ОБЈАВЕНО НА:

Франција е првата земја во Европа која ги објави бројките за продажбата на нови автомобили за месец мај. Продажбата во овој месец се зголеми за 46% споредбено со мај минатата година односно во петиот месец годинава во оваа земја продадени се 141.041 нов автомобил.

Француските производители Renault Group и Stellantis доминираа во месец мај. Заедно имаат пазарен удел од 57,80% од кои 32,39% припаѓа на Stellantis, а 25,41% на Renault Group.

Renault со продадени 18.041 автомобили е најпродаван бренд во мај во Франција. Следи Peugeot со 15.214 примероци додека на третата позиција е Citroen со 9.567 автомобили. Најпродаван нефранцуски бренд е Dacia со продадени 6.352 автомобили.

Од почетокот на годината до крајот на мај во Франција се продадени 723.257 нови автомобили што е за 50,1% повеќе во однос на истиот период минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK