Французите ја намалија максималната брзина на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во некои делови во Франција, вклучувајќи го и Париз одлучија да ја намалат максималната пропишана брзина за движење на возилата заради ублажување на проблемот со загадувањето. Новите смалувања на ограничувањето на брзината се воведени во регионот на Париз, Il-de-Frans, подрачјето Рона на истот и во северните области Nord и Pa de Kale.

Во подрачјето Il-de-Frans полицијата го смали ограничувањето на брзината за 20 километри на час на патиштата каде што возачите можеа да се движат со брзини од 90, 110 и 130 километри на час. На пaтиштата веќе е видлива присутност на полицијата која ќе го контролира почитувањето на новите прописи воведени поради големото ниво на загадување во последните денови.

Градските власти на Париз воведоа и бесплатен резиденциски паркинг за да ги охрабрат возачите возилата да ги остават дома и да користат јавен превоз или незагадуачки сообраќајни средства.

Брзината е намалена за 20 километри на час и во областа Рона на патиштата каде што ограничувањето било 90, 110 и 130 километри на час и 10 километри на час таму каде што ограничувањето било 80 километри на час.

Во Лион е утврдено дека квалитетот на воздухот е многу лош. Покрај тоа лош квалитет на воздухот е забележан и во Лил и во Данкерк. На подрачјата Nord и Pa-de-Kale брзината е намалена за 20 километри на час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK