Француски автомобили ќе се произведуваат и во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Француски автомобили наскоро ќе започнат да се произведуваат во Германија. Ова следи откако PSA Групацијата го усвои најновиот план според кој во фабриката во Руселсхајм ќе се произведува модел од брендот на DS Automobiles.

По аквизацијата на Opel, PSA Групацијата за прв пат стана сопственик на фабрики во Германија и тоа на фабриките на во Риселсхајм и Ајзенах.

Во овие фабрики во моментов се произведуваат само модели на Opel, а со цел да го искористи капацитетот и инфраструктурата PSA Групацијата донесе одлука во оваа фабрика да произведува премиум модели од брендот DS Automobiles.

Не е прецизирано точно кои модели ќе се произведуваат во оваа фабрика, но се претпоставува дека станува збор за новиот DS9 како уште еден хечбек модел.

Инаку во моментов во оваа фабрика се произведува Opel Insignia, а од следната година ќе се произведува и Opel Astra.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK