Фотографиите од обновениот Hyundai Elantra веќе ги има на интернет

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појавија фотографии од обновениот Hyundai Elantra, кој треба да се појави на пазарот во Кореја во август, а потоа и во другите делови од светот најдоцна до крајот од годината.

Дизајнот на популарниот модел е целосно обновен, а според информација која не е потврдена Elantra ќе добие и дополненија и промени во понудата на мотори. Промените во дизајнот вклучуваат нови и предни и задни браници, нови фарови, кои доаѓаат во решетката на ладилникот и друго.

Што се однесува до моторите, најверојатните ќе биде новиот 1,6 литарски бензинов мотор со 123 коњски сили, кои веќе беа вклучени во понудата на Kia Cerato.

Сè уште не е потврдено дали и другите модели на Hyundai, кои се предлагаат на европскиот пазар ќе го следат дизајнерскиот јазик на Elantra или седанот ќе даде почеток на нов дизајн за другите пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK