Ford затвора две фабрики во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford затвора две фабрики во Русија како дел од глобалниот план за преструктуирање во непрофитабилни региони, пренесува Ројтерс.

Според најавите во план е да се затворат фабриките лоцирани во регионите Ленинград и Татарстан каде се произведуваат моделите Focus, Mondeo, EcoSport и Fiesta. Годишниот продукциски капацитет на овие фабрики заедно изнесува 360 илјади возила.

Со реализацијата на овој план, Ford во Русија ќе биде присутен само со производството на лесни комерцијални возила. “Конечната одлука ќе биде донесена во вториот квартал годинава” изјави портпаролот на Ford во Русија запрашан од страна на медиумите околу актуелните случувања.

Инаку Русија не единствената земја која ќе настрада од планот за реструктуирање на Ford. Овој производител претходно најави затворање на една фабрика во САД и Велика Британија, а значително го реорганизираше производствените капацитети во Јужна Америка и Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK