Ford влегува во виртуелниот свет со Fordzilla тркачкиот автомобил (ФОТО / ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уникатната иницијатива за игри на Ford-FORDZILLA, првиот од родот на тимови за е-спортови, ги  обедини играчите од Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија и ги покажа првите фотографии на врвниот виртуелен тркачки автомобил, FORDZILLA P1.

Fordzilla P1 e резултат на заедничка работа на автомобилскиот производител и играчите, кога се очекува да се појави во витруелниот свет на автомобилскиот производител и играчите, а се очекува да се појави во виртуелниот свет на електронската игра во текот на следната година.

Од Ford исто така споделуваат дека до крајот на оваа година европскиот огранок на брендот ќе демонсрира верзија 1:1 на автомобилот на иднината, а на тој начин ќе  можеме да бидеме сведоци на средбата на виртуелното и реалното.

Концепцискиот развој Fordzilla P1 е факт после гласањето на фановите на социјалната мрежа Твитер, минувајќи низ различни фази на дизајн прогресот.

Од своја страна играчите биле тие кои ги одредиле некои од елементите, како позицијата на седиштето, оформувањето на кокпитот и погонот на тркачкиот автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK