Ford повлекува возила поради проблеми со сензор – за среќа сите во Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford соопшти дека ќе започне постапка за повлекување на возила поради проблеми со сензорот за каишот на седиштата.

Станува збор за примероци од моделот Expedition произведени во периодот од 27 ноември до 7 декември минатата година во фабриката во Кентаки.

За среќа на европските купувачи, овие примероци се испорачани исклучиво на пазарот во Северна Америка. При тоа 1.355 примероци ќе бидат повлечени од САД, 12 од Канада и еден од Мексико.

Ова не е прв пат возила на Ford да бидат повлечени поради технички проблеми. Во изминатите две години американскиот прозивдоител повлече речиси половина милион возила од повеќе модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK