Ford отпушта 25.000 работници

ОБЈАВЕНО НА:

За голема несреќа на вработените, американскиот производител Ford планира да отпушти, ни повеќе, ни помалку, 24 илјади работници ширум светот.

Оваа одлука на американскиот гигант доаѓа по низата бројни промени што се случија во оваа компанија. Така претходно Ford направи промени во раковонста структура, целосна реорганизација на организациската структура, воведе нов стратешки план со акцент на електрификација на автомобилите, смалување на платформите како и акцентирањето на SUV моделите.

“Ние сме во рана фаза на реорганизација на својата глобална работна сила како би можеле да ги исполниме стратешките цели на компанијата, да создадеме динамично и силно работно кружување” соопштуваат од Ford во однос на оваа одлука.

Со отпуштањето, Ford значително планира да ги смали трошоците, а со самото тоа да се носи со конкурентите General Motors и Volkswagen.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK