Ford останува без три фабрики во Бразил

ОБЈАВЕНО НА:

Ford Motor донесе доста непопуларна одлука за затворање на сите фабрики во Бразил и целосен прекин на производството на автомобили во оваа јужноамериканска земја.

Станува збор за фабриките лоцирани во Камачари, Баиа и Таубате со што Ford за прв пат од 1919 година нема да произведува автомобили во оваа земја.

Главната причина за затворањето на фабриките се новите даночни измени кои Владата на Бразил ги воведе поради пандемијата. Со нивното зголемување, од Ford оценуваат дека производството на автомобили во оваа земја повеќе не е рентабилно и ќе има негативни импликации врз финансиските перформанси на компанијата.

Со оваа одлука, без работа ќе останат околу 6 илјади работници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK