Ford не испорачува возила – немаат логоа

ОБЈАВЕНО НА:

Кризата со недостатоткот на чипови е сериозен проблем за многу производители, поради што е нарушен ланецот на испорака и производство, па и испорака на возила. Но, Ford се најде во чудна ситуација, бидејќи не може да испорача возила бидејќи нема таблички со логоа, односно амблеми на кои пишува Ford!

Tоа се однесува единствено за американскиот пазар. Таму на Ford на американскиот пазар му снемало лого табли што се поставени на предната табла и на задната страна на возилото. Поради ова, компанијата не може да испорача готови, производствени модели, пишува Wall Street Journal.

На паркингот на фабриката има и недовршени пик-апи F-150. Тоа е најпродаваниот и најпрофитабилен модел на концернот.

Околу 40.000 до 45.000 автомобили и камиони на марката во моментов не можат да го напуштат магацинот поради различни проблеми со синџирот на снабдување. Меѓу другото, кризата со чипови се уште трае.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK