Ford не го слуша Трамп – продолжува со производството во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот американски производител на автомобили Ford нема да го пресели производството на моделот Focus Active од Кина во САД и покрај претходно изразената самоувереност дека поради високата царина овој модел ќе започне да се произведува во САД.

“Ford го уби планот да продава мало возило во САД произведено во Кина поради високите тарифи” објави Доналд Трамп на својот Твитер профил каде додава дека овој автомобил ќе се произведува во САД со што Ford нема да има потреба да плаќа високи царини.

Сепак на ова тврдење на Трамп со демант излезе американскиот производител од каде изјавија дека производството на Focus Active во САД не би било профитабилно со оглед на тоа што годишната продажба се планира да биде нешто под 50 илјади возила.

Дали ова значи дека Ford се откажува од продажбата на овој модел на пазарот во САД не може со сигурност да се потврди, но Крис Џицек од Центарот за истражување во автоиндустријата изјави дека покрај во фабриката во Кина, Ford може да го произведува овој автомобил во многу други фабрики во земји кои не се на листата на САД за зголемување на извозните односно увозните давачки.

Во изминатиов период САД воведе бројни увозни царини за многу земји, а сето тоа резултираше позитивно врз домашната авто индустрија бидејќи многу компании се одлучија да го релоцираат производството од другите земји во САД, пред се поради големиот притисок на брзорастечкиот пазар во оваа земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK