Ford Mustang втора година по ред е најпродаван спортски автомобил во светот

ОБЈАВЕНО НА:

За неколку денови Ford Mustang ќе го прослави својот 59. роденден, а како доказ за неговата успешност е што втора година по ред е најдобропродаван спортски автомобил во светот. Исто така шест години по ред е најдобро продавано спортско купе.

Од Ford тврдат дека со помош на специјалните верзии Bullitt, Shelby GT350, Shelby GT350R и Shelby GT500, Mustang имал 80.577 продадени возила во 2020 година. Според податоците на статистичката агенција IHS Markit, ова е 15,1% од вкупниот пазар на спортски купеа во светот, во споредба со 2019 година кога имале удел од 14,8%.

„Љубителите на Mustang ги сакаат своите спортски автомобили и тоа уште еднаш го покажаа“. Во тешка година за целата автомобилска индустрија поради глобалната пандемија, Mustang се претстави многу добро, зголемувајќи го својот удел во сегментот на спортски автомобили, се вели во соопштението на Ford.

Во текот на минатата календарска година, суперспортските верзии на Mustang, како Bullitt и Shelby објавија 52,7% пораст на побарувачката и компанијата има намера да го продолжи овој момент со новото ограничено издание на Mustang Mach 1.

Најголемата побарувачка за Mustang продолжува да има во САД, каде што беа реализирани околу 3/4 од сите возила на моделот во 2020 година. Легендата предизвика најголем интерес во Тексас (8.600 продажби), Калифорнија (6.200) и Флорида (5.864).

Во однос на перформансите на Mustang во Европа, побарувачката е зголемена за скоро 69% во Унгарија, 38,5% во Холандија, 12,5% во Данска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK