Ford Mindfulness Concept Car: Возило за помалку стрес на автопат (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Ford открија детали за новиот концепциски развој – Mindfulness Concept Car, кој има за цел да демонстрира технологии и функционалности, кои се во состојба да допринесат за подобрување на секојдневието на возачот и неговите сопатници.

„Намалувањето на стресот им помага на луѓето да бидат пофокусирани, помирни и да гледаат појасно на работатите, а кога сте зад воланот, тоа помага  да бидете подобар возач. Станувате поотворени за случувањата и со подобра реакција, а во исто време ја намалувате веројатноста од тоа да бидете расеани“, вели Марк Колман, експерт за пристап за намалување на стресот.

Од Ford коментираат, дека многу од возачите веќе го имаат прифатено овој пристап, дури и без да го сфатат, а во тој дел се посочуваат дишењето длабоко во стрес ситуациите или едноставно запирање на патот за да се ужива во прекрасниот поглед.

Mindfulness Concept Car, развиена на база на Ford Kuga, располага со неколку интересни технологии и функционалности за дополнително подобрување на вкупната состојба на возачот и неговите патници.

Новиот развој на концептот на Ford доаѓа со функцијата Unlock Purge, која е во состојба да ја стартувакратката процедура за освежува на воздухот во кабината пред почетокот на следното патување дури и пред возачот да го отклучи автомобилот. За квалитетот на воздухот што  влегува во внатрешноста се грижат висококвалитетни филтри, а специјалните UV-C диоди ја елиминираат можноста за ширење штетни бактерии на мобилните телефони.

Mindfulness Concept Car е опремена со специјално конфигуриран систем за индиректно осветлување на купето, кој работи синхрониирано со системот за климатизација за да создаде соодветна околин, возачко седиште со дополнителни стимулатори и повратни информации со визуелизација на екранот на моменталната состојба на дишење и срцева активност, внатрешни површини изработени од идржливи материјали и природни бои, аудио систем B&O Beosonic со специфично поставени режими, колони B&O во потпирачите за глава, специални музички листи за репродукција и друго.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK