Ford ќе ги „пече“ автомобилите на сонце пoради Кинезите

ОБЈАВЕНО НА:

Ford бара начин да го отстрани карактеристичниот мирис на нов автомобил, кој на купувачите од Кина им смета премногу. И додека поголемиот дел од купувачите уживаат во мирисот на нов автомобил, во Кина секој десетти купувач го мрази тој мирис, а тоа го покажа и истражувањето на иницијалниот квалитет кој бил направен од J.D. Power.

„Незгодниот мирис во внатрешноста е главниот проблем на автоиндустријата на тој пазар“, вели Брент Грубер од J.D. Power.

Оттаму Ford е во потрага по решение и ја патентираше постапката за отстранување на мирисот кој го предизвикува органската компонента. Ford советува паркирање на сонце, отворање на прозор и ставање на вентилација и греење на максимална сила.

„Овој патент е резултат на години истражување и е една од идеите кои ќе ги примениме“, вели Деби Милевски, лидер на техничкиот оддел за материјали во Ford.

Иако звучи како многу задоцнета првоаприлска шега, се работи за вистински патент за напредна технологија, но првобитно е замислен за автономни возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK